Навивачите се вратија на трибините во рамки на денешната тројна спортска програма

Секоја почит за делчевските навивачи кои денес беа на ниво на задачата и во солидна бројка ги проследија денешните три спортски натпревари во ракомет, кошарка и фудбал кои се одиграа во Делчево.

РАКОМЕТ

Во првиот натпревар ракометарките на Горан Велков и Гоце Стоиловски почнаа добро против Вардар Скопје имаа водство до првата половина од првото полувреме.

Но потоа неколкуте сомнителни судиски одлуки, тремата да се игра пред своја публика и можеби недоволната кондиција, придонесоа Вардарки да направат комплетен пресврт не испуштајки го водството, до крај на натпреварот.

ФУДБАЛ

Радост на домашните навивачи донесе фудбалскиот натпревар помеѓу делчевска Брегалница и Тиверија.

Натпревар кој во првото полувреме подобра беше домашната екипа која постигна три гола наспроти еден на гостите, додека во второто полувреме иако повеќе го имаше поседот на топката струмичкиот третолигаш, кој доби и 10 минути продолжение не успеа да замине непоразен од Делчево.

КОШАРКА

За крај на денот кошаркарките на Љупчо Петеовски дадоа се од себе, да и се спротистават на брзата екипа на Бадел 1862, но едно беа желбите, друго можностите и затоа победата замина кај избраничките на Перо Стамески, кој во минатато знаел да губи на паркетот во Делчево.

Како и да е, добро е што сите натпревари го побудија интересот кај љубителите на спортот, кои имаа исполнет спортски викенд полн со возбудливи акции и моменти.

РЕЗУЛТАТИ:

РК ДЕЛЧЕВО ВАРДАР – РК ВАРДАР СКОПЈЕ

20 : 35

ФК Брегалница Делчево – Тиверија

3 : 2

КК Патриот – КК Бадел 1862

59 : 84

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*