Градоначалникот на Општина Пехчево вчера го потпиша договорот за Грант за изработка на техничка документација за предлог-проектот „Замена на загадувачки со помалку загадувачки систем за греење во Домот на културата „Јане Сандански“, Пехчево, во рамки на Фондот за техничка документација од страна на проектот „Јакнење на општинските капацитети за имплементација на проекти-Фаза 2“ финансиран од страна на УНДП, Кралството Шведска и Бирото за регионален развој.
Со церемонија за потпишувањето на договорот за финансирање ќе започне процесот за подготовка и изработка на тендерската документација и објавување на тендерската постапка.


Leave a Reply