Пожарникари од Словенија во посета на Берово

Во работна посета на Општина Берово, денес се пожарникари од Доброволно противпожарно здружение ,,Бритоф” , од Република Словенија и господин Вид Крчмар претставник од цивилната заштита од Општина Крањ.

На средбата со градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски биле разменети искуства, а се разговараше и за идна соработка во противпожарна заштита и комунална хигиена.

Исто така разговарано е за присуство на беровските пожарникари, на вежба во Крањ, во текот на месец мај, како и на обуки во делот на противпожарна заштита.

-Уште еднаш им се заблагодаривме за донацијата на возилото за противпожарна заштита, кое со поддршка на семејството Газинковски, беше доделено во корист на жителите на Општина Берово, истакна Пекевски.

Заеднички ја посетија улицата ,,Жан Кофол”, која Македонија и Словенија ги поврзува како народи, а која Општина Берово ја именуваше во чест на прерано загинатиот пожарникар и неговиот придонес во гаснењето на пожарите во Малешевијата , во 2021 година.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*