Слога и Гостивар во Виница одиграа хуманитарен фудбалски натпревар

Денес, на градскиот стадион во Виница, се одигра хуманитарен пријателски натпревар помеѓу ФК СЛОГА 1934 Виница и ФК ГОСТИВАР од Гостивар. Натпреварот започна со едноминутно молчење во чест на трагично загинатите млади животи во Кочани.

Собраните средства од натпреварот, во висина од 34,110 денари, ќе бидат наменети за семејствата на загинатите девојчиња од Виница.

Сопственикот на ФК ГОСТИВАР исто така уплати еден милион денари на сметката за донации на Црвен Крст.

Слава на сите загинати! Нека почиваат во мир! Никогаш заборавени.

16.03.2025, Кочани

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*