Старскиот дом во Берово доби специјализирано возило со пристапна рампа

На мое големо задоволство, денеска, ја примивме донацијата специјализирано возило за лица со попреченост, со пристапна рампа, во рамките на Проект ,,Одржлив инклузивен рамномерен развој” II фаза, од Владата на Швајцарија, преку Центарот за развој на источно планскиот регион, соопшти денес беровскиот градоначалник Звонко Пекевски

Возилото како што додаде е донирано во рамките на проектот за ,,Реконструкција и адаптација на Дом за стари лица Берово, 4-та ламела” и истото ги исполнува сите важечки прописи на ниво на ЕУ .

Оваа донација, според него уште еднаш ја потврдува ангажираноста на службите во Општина Берово, при децентрализацијата на социјалните услуги, што се рефлектира во пошироки рамки на источниот регион.

Изрази благодарност до Владата на Швајцарија и Центарот за развој на источно планскиот регион, што не препознаа како сериозни партнери и иницијатори на добри практики и што ни ја пружаат финансиската поддршка, за реализација на овој многу значаен проект, за граѓаните на источниот регион.

Потенцираше дека Општината подолжува и понатаму да работи во интерес на сите граѓани на Општина Берово и да биде поддршка на ранливите групи граѓани, во нивната мобилност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*