Јавната локална библиотека „Илинден“ во соработка со второоделенците од ООУ „Ванчо Прке“ и Територијалната противпожарната едницина -Делчево, денес спроведе едукативна работилница. Инспирацијата како што се вели во објавата на библиотеката е видео кое деновиве кружи по социјалните мрежи, на каде деца се учат како да се однесуваат во случај на пожар. Поради ова во денешната раборилница зедоа учениците од второ одделение како дел од наставната програма по предметот Општество во која имаат лекција Елементарни непогоди.
-Некои работи и однесување се учат од мали нозе, денешната наша работилница беше едукативна и корисна, а за децате и интересна. Зоран Василевски-командир на ТППЕ , ги запозна учениците со работата на пожарникарите, како да се однесуваат децата во случај на пожар, како да
се излзе од просторјата без паника и гужва, еден по еден , да се заштити устата и носот и сл.Учениците се запознаа и со тоа што е противпожарен апарат и зошто се користи, што е намената на хидрантот и како изгледа еден хидрант, се вели во објавата на ЈЛБ ,,Илинден”.
Благодарност до нашата Противпожарна единица, што се согласија да ја реализираат оваа работилница и секако благодарност до наставниците Билјана Ичова,Борче Марков и Ангел Маневски, што ја прифатија нашата покана и дојдоа со учениците во библиотеката, додаде директорката Билјана Петровска.
Важно според неа е децата да бидат едуцирани за самоспасување, и треба соодветно да бидат информирани во случај на непогода. Превентива секогаш треба да има. Кога се спроведува од најмали нозе, е и најефикасна, подвлече Петровска.

Leave a Reply