Брегалница 1926 Делчево славеше со 2:0 над Хоризонт Турново

Фудбалерите на делчевска Брегалница без поголеми проблеми го совладаа незгодниот тим на Хоризонт Турново, во натпревар кој пред околу 150 гледачи се одигра на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев” во Делчево.

Натпреварот имаше хуманитарен карактер, со тоа што средствата од влезниците беа наменети за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани, на кои им беше оддадено едноминутно молчење на почетокот на натпреварот.

По почетното испитување на силите, фудбалерите на домашниот тим бргу дојдоа во водство. По еден контранапад Стоиловски одзема топка и тргнувајќи од својот шеснаесетник успеа со прекрасен пас да го пронајде Пешовски кој во обид да постигне гол беше фаулиран во гостинскиот шеснаесетник, што според судијата беше евидентен контакт за пенал.

Пеналот прецизно го изведе Пешовски што значеше водство од 1:0 и радост за домашниот тим.

Вториот гол домашните фудбалери го постигнаа на почетокот на второто полувреме. По едно проигрување од Ратков од средината на теренот правовремено втрча Јован Дојчинов кој водејки ја топката изби сам пред шеснаесетникот на голманот Гоцев кој во прв момент го одби неговиот удар, но топката повторно ја прифати Дојчинов за во вториот обид лесно да ја смести во празната мрежа за водство од 2:0.

За одбележување на овој натпревар е црвениот картон за домашниот фудбалер Филип Димитровски кој по еден несмасен контакт заработи исклучување.

Со оваа победа Брегалница Делчево нанижа 20 бодови и со тоа се задржа на третата позиција зад екипата на Овче Поле која има исто толку бодови.

Трета лига Исток – Резултати и Табела

Тиверија – Слога 0:7
Овче Поле Ударник 4:1
Брегалница Д – Хоризонт 2:0
Карбинци – Дојранско Езеро 0:0
Малеш – Светлост 0:0

Табела

1.Слога 30
2.Овче Поле 20
3.Брегалница 20
4.Хоризонт
5.Карбинци
6.Дојранско Езеро
7.Малеш
8.Светлост
9.Ударник
10.Тиверија

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*