Повредената Јелена Арменска се врати меѓу соучениците по лекувањето во Шпанија

Објава на ОСУ ,,Ацо Русковски

Денес е 1 април, Денот на шегата, но ова што ќе го кажеме сега не е шега, туку вистина што не исполнува со радост и утеха. Нашата драга соученичка и пријателка Јелена конечно се врати меѓу нас по нејзиното лекување во Шпанија. Таа помина низ многу предизвици по трагичниот пожар во дискотеката во Кочани, но со огромна сила и храброст успеа да се избори и повторно да биде со нас.


Јелена, добредојде назад! Ти си вистински борец, а твојата храброст ни е инспирација на сите. Денес не само што те поздравуваме со радост, туку и ти посакуваме топло добредојде во ова семејство, каде што отсекогаш припаѓаш.

Среќни сме што повторно си со нас!
Голема благодарност и до Благој Механџиски Зегин кој ова патување го направи многу полесно за Јелена и за нејзините блиски!

Малата закуска е за сите ученици која што исто така ни ја обезбеди чичко Благој, човек кој секогаш и во секое време е спремен да помогне на било кој, синоним за хуманост и човечност.

Огромна благодарност од сите нас: учениците, професорите и директорката, се вели во објавата на ОСУ ,,Ацо Русковски”-Берово.

Во неделата делчево365 направи интервју со Јелена, Јован и г-н Благој Механџиски Зегин кое може да го погледнете овде:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*