Пехчево и Мурска Собота ја зајакнуваат меѓуопштинската соработка

Градоначалникот на општина Пехчево Александар Китански оствари официјална средба
со градоначалникот на Мурска Собота Дамјан Анжељ , при што се разговараше за продлабочување на меѓуопштинската соработка и размена на искуства во повеќе области од заеднички интерес.

Средбата како што стои во објабата на Китански поминала во пријателска и конструктивна атмосфера, а биле
разгледани повеќе точки меѓу кои:

  1. Противпожарна заштита – Потенцирана е потребата од размена на добри
    практики, заеднички обуки и проекти за унапредување на капацитетите за заштита
    од пожари.
  2. Туризам – Истакната е важноста на туристичката соработка преку заедничка
    промоција на природните и културните ресурси, со посебен акцент на еко и
    рурален туризам.
  3. Интеграција на сите групи граѓани во општеството – Разговор за можни
    заеднички иницијативи и програми насочени кон социјална инклузија и еднакви
    можности за сите граѓани.
  4. Мултикултурализам – Обострана заложба за поттикнување на културната
    разновидност и нејзино вклучување во секојдневниот општествен живот.
  5. Економија и поддршка на мали и средни претпријатија – Потенцијали за
    економска соработка преку размена на искуства, добри практики и можности за
    поддршка и развој на локалната економија.
    Градоначалниците ја нагласија важноста на оваа соработка како мост за идни заеднички
    проекти, а воедно и како чекор напред во градењето пријателски и европски вредности на
    локално ниво.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*