РК Делчево за еден гол испушти пласман на Ф4 турнирот во кадетска конкуренција

Ракометниот клуб Делчево за еден гол испушти пласман на Ф4 турнирот во женска кадетска конкуренција. Откако во Делчево минатата недела славеа со 22:20, во реваншот во Струга делчевки загубија со резултат 26:23 (14:10) што не беше доволно избраничките на Горан Велков да се пласираат на завршниот Ф4 турнир.

Според неговата кратка изјава за delcevo365.mk по натпреварот, ракометарките испуштиле две стопроцентни шанси за ,,два разлика”, кои поради повеќе постигнати голови на гости ќе значеше пласман на Ф4, меѓутоа обидите за гол биле неуспешни.

-Се надеваме на повеќе среќа догодина. Се покажа дека клучната разлика која ја имавме во Делчево не ја сочувавме. Но како што кажав се подобри сме и здравје одиме со нови сили кон нови победи, истакна Велков.

Навистина штета за девојките од Делчево кои навистина делуваа поподготвено од Стружанка, кои ги служеше факторот среќа со само еден гол повеќе да обезбедат пласман во полуфиналните борби во кои им посакуваме успех.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*