ФК Брегалница 1926 Делчево се искачи на второ место во 3 МФЛ Исток по ремито во Пирава

Фудбалерите на делчевска Брегалница беа блиску до полн плен на натпреварот со Ударник кој во Пирава заврши со резултат 1:1 (0:0).

Брегалница поведе на почетокот на второто полувреме со гол на Дојчинов и имаше водство се до финишот на натпреварот, но во завршните моменти на натпреварот, домашниот тим искористи една можност за 1:1, што беше и конечен резултат на натпреварот.

Сепак освоениот бод во Пирава и одговара на Брегалница која го искористи киксот на Овче Поле кој загуби во ова 14 -то коло, искачувајки се на второто место на табелата.

Еве ги конечните резултати и табелата во Третата фудбалска лига Исток по одиграното 14-то коло:

До крајот на овогодишната сезона во Третата фудбалска лига Исток, Брегалница 1926 игра уште четири натпревари. Два на домашен терен и тоа со екипите на Дојранско Езеро и Овче Поле и две гостувања кај екипите на Карбинци и ОФК Малеш, Берово.

Инаку со денешната победа екипата на Слога Виница и математички ја обезбеди титулата во натпреварувачката 2024/25.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*