Оваа година се навршуваат 101 година од раѓањето на великанот Методи Митевски Брицо и 64 години од постоењето на гимназијата која го носи неговото име. По тој повод денес Средното општинско училиште кое го носи името на патронот организираше Свечена програма во чии рамки Училишниот хор при училиштето се претстави со нивните музички рецитаторски и уметнички способности вклучувајки и модна ревија.
Присутните ги поздрави директорката на училиштето Дијана Цонева која рече дека денешниот ден е потсетник дека знаењето е моќ, дека воспитувањењето е најважна инвестиција и дека заедништвото, посветеноста и соработката се темели врз кои се гради училиштето. Упати благодарност до наставниот кадар и вработените кои секојдневно се вложуваат во себе и воспитно образовниот процес ,како и до учениците, родителите, локалната самоуправа и сите соработници.
-Во овие бурни времиња со својот труд докажавме дека образованието е најмоќното оружје со кое може да се промени светот. Заеднички ја градиме нашата визија за модерно училиште во кое учениците и нивната визија се во центарот. 64 години псототење е сериозна бројка во која младоста и искуството се обединуваат, а продуктивноста е на највисоко ниво. Горди сме на постигнувањата на ученциите како и на професиоанлноста и посветеноста на наставниот кадар кој е срцето на училиштето, рече Цонева чиј говор може да го погледнете на видеото подолу:
Во рамки на настанот беа доделени и нгарадите за трите најуспешни творби во рамки на литературниот конкурс распишан во чест на патронот на училиштето, награди кои им припаднаа на ученичките Ана Ангеловска, Ева Ивановска и Сара Ангелова.
Настанот започна со положување цвеќе пред бистата на патронот во дворот на училиштето каде се поклонија градоначалникот на општината Горан Трајковски заедно со претставници на Општината, вработени во гимназијата на чело со директорката, вработени во каменичката гимназија Миле Јаневски Џингар со нивната директорка како и претставници на делчевските општински основни училишта.














Leave a Reply