Привршува реконструкцијата на ул. ,,Илинденска” и пешачка патека до спој со улица ,,Солунска”

Во финална фаза е реконструкцијата на дел од улица Илинденска и пешачка патека до спој со улица Солунска со вкупна должина од 250 метри.

Во проектот е опфатено реконструкција на постоечкиот коловоз и пешачката патека со скали.

Вкупната вредност на договорот изнесува 2.132.638 денари со вклучен ДДВ, од кои 990.606 денари со ДДВ кофинансира Министерство за транспорт за поддршка на имплементација на декадата и стратегијата за Ромите, а останатите се обезбедени од буџетот на Општина Делчево.

Изведувач на работите е ДППГТУ Коп-Инженеринг ДООЕЛ Скопје.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*