Поради боево гаѓање, утре забрането движење кај месноста Виречка Полјана

СООПШТЕНИЕ

Регионалниот центар за управување со кризи го известува населението од селата Стамер, Град. Вирче, Тработивиште и Разловци дека на ден 24.04.2025 година (четврток) во периодот од 08.00 часот до 15.00 часот ќе се спроведе гаѓање со огнено оружје на привременото стрелиште на место викано Виречка полјана атар на с. Вирче.

За да се спречат евентуални несакани последици се известува населението дека во определениот период во поширокиот реон на стрелиштето се забранува секакво движење на луѓе и вршење на било каква работа и испаша на домашни животни.

Со почит

РЦУК – ДЕЛЧЕВО

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*