Во црквата ,,Успение на Пресвета Богородица” во Делчево денес се одржа Света Литургија во чест на празникот на Св. Апостол и Евангелист Марко, кој што е именден на Епископот делчевско-каменички г. Марко.
Со литургијата началствуваше епископот г. Марко, во сослужение на Митрополитот врањски г. Пахомиј, Митрополитот крушевско-демирхисарски г. Јован, Митрополитот нишки г. Арсениј и викарните Епископи дремвитскиот г. Давид и стобискиот г. Јаков.
После прочитаното евангелско зачало на Литургијата беседеше Епископот дремвитски г. Давид.
-Чувствуваме истовремено неизмерна радост, по молитвите на првосвештениот епископ г.Марко чиј именден го празнуваме и по молитвите на светиот апостол и евангелист Марко како и на браќата Архиереи кои сослужуваа, ќе кажам да се покажуваме секогаш како личности на радоста. Тука во заграда ќе ја ставам една реченица која е често повторувана, а тоа е доколку човекот не е радосно постоење, не може ни да се нарече православен христијанин. Значи да се покажуваме секогаш како автентични луѓе на воскреснатиот Христос во Бога и Оца преку несоздадената благодат на светиот дух, сега, секогаш и во вековите на вековите, амин, истакна епископот дремвитски г.Давид.
На крајот од литургијата, пригодно обраќање одржа и Делчевско-каменичкиот Епископ г. Марко, кој се заблагодари на сите присутни за честа која му ја укажаа како што рече браќата Архиереи, но и сите кои помогнаа чествувањето на светиот апостол и евангелист Марко да помине како што доликува.
По завршувањето на Литургијата за присутните беше приредена трпеза.

Leave a Reply