Епископ г.Марко чиноначалствуваше со Света Литургија во храмот Успение на Пресвета Богородица

Христос Воскресе!

На 11-ти мај, 2025 год., четвртта недела по Пасха (на Раслаблениот), Неговото Преосвештенство Епископот Делчевско-каменички началствуваше на Светата Литургија во храмот ,, Успение на Пресвета Богородица” во Делчево. На денешниот ден Православната Црква си спомнува за чудото кое Г. И. Христос го извршил во бањата Витезда.

Всушност, на еден симболичен начин, оваа недела е посветена на сите нас, духовно раслабените. Кој од нас би можел, да каже дека е целосно духовно здрав и исцелен од сите духовни болести во однос Христовите заповеди на љубовта и проштевањето?

Да се радуваме, да заблагодариме што Господ дојде во светот да ги спаси раслабените, меѓу кои сме сите ние.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*