Настанот имаше за цел да ги запознае учениците од основните училишта со програмата, активностите и условите за работа во гимназијата. Посетителите беа пречекани со презентации, работилници и обиколка на кабинетите.
Директорката Дијана Цонева истакна дека ова е можност идните ученици да добијат директен увид во училиштето и да добијат одговори на прашањата што ги интересираат.

Таа ги охрабри учениците да истражуваат и самостојно да донесат одлука за своето средно образование.
Новитет за следната учебна година како што е најавено е воведувањето на насоките електро-техничар енергетичар и информатички технологии, а тука се и паралелките во гимназиската, текстилно=кожарската и хемиско-прехранбената струка.

Leave a Reply