Гоцевски: Да се обединиме под знамето на напредокот !

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ ОК Делчево, Иван Гоцевски , вечерва на својот фејсбук профил го објави и првиот статус откако неговото име беше соопштено како носител на епитетот Кандидат за градоначалник на Општина Делчево од владеачката ВМРО ДПМНЕ. Еве што напиша Гоцевски:

-Во животот има периоди кога сме исправени пред огромна историска улога пред лицето на историјата на нашиот Македонски народ.

Ова е еден таков момент за мене-лично, за моето семејство, за моите сопартијци, за моите пријатели и за мојот тим на врвни професионалци, луѓе кои се значајни во секоја сфера од нашето заедничко живеење во Делчево.

Почитувани пријатели, драги мои делчевчани,

По предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Проф. Д-р Христијан Мицкоски и со ОДЛУКА на Извршниот Комитет на најмоќната политичка сила во Македонија, ми е доверена огромна чест и одговорност да бидам кандидат за Градоначалник на Општина Делчево на претстојните Локални избори од нашиот Општински Комитет.

Верувам дека оваа ОДЛУКА не е донесена преку ноќ и е резултат на темелна анализа во изминатите неколку месеци.

Сериозноста на времето пред кое стоиме сите ние заедно исправени за иднината на нашето Делчево, ми дава за право да Ве повикам да се обединиме под знамето на напредокот, севкупниот развој и достоинствен живот во нашата општина.

Сигурен сум дека Делчево ќе победи само кога гласот на секој еден жител на Делчево ќе биде слушнат а потребите на секој поединец ќе бидат личен мој мотив за совладување на сите предизвици со кои ќе се соочиме во наредните 4 години.

Со заедништво, разбирање, многу труд и посветена работа сигурен сум дека ќе донесеме нови победи и успеси за нашето Делчево и за секој еден граѓанин на моето Делчево.

Претстојат месеци на опоравување на Делчево, по што многу бргу ќе бидеме сведоци на историски успеси за нашето Делчево и за секое рурално населено место во општината. Делчево ќе се менува на многу подобро.

СО ЧЕСТ, СО СРЦЕ, СО ДЕЛО – ДОСТОИНСТВЕНО ЗА ДЕЛЧЕВО како наш заеднички просперитетен дом во годините што следуваат.

Нека е вечно нашето Делчево, Бог да ја благослови Македонија, истакна Гоцевски на својот фејсбук профил.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*