Кошаркарките на КК ,,Клубски Патриот 2016″ обезбедија пласман на Ф4 турнирот во М-14

Кошаркарките на КК ,,Клубски Патриот 2016″ обезбедија пласман на Ф4 турнирот во М-14 кошаркарската лига откако во третиот натпревар беа подобри од КК Струга со 67:54.

Најмногу кошеви на натпреварот за домашната екипа постигна Ива Манова, вкупно 18, потоа Сара Атанасовска која постигна 15, со по 12 поени свој придонес имаа и Тамара Гоцевска и Теона Николовска додека останатите поени вкупно 10 ги постигна Марјана Јовановска.

Со тоа делчевки се пласираа на завршниот финален турнир на кој ќе настапат упте и екипите на Тим Арена, КК Петровски и победникот од натпреварот Бадел – Вардар.

Честитки за нашите избранички кои покажаа вистинска борба на теренот, и браво за сите кои беа во спортската сала Методи Митевски Брицо кои им порачаа на останатите вљубеници во кошарката на следните натпревари да им се придружат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*