Прв ден на тридневната обука на членовите на Доброволното противпожарно друштво од Пехчево, обуката ја спроведува тим од организацијата “Операција Флоријан” од Велика Британија, која е добро позната во Источниот регион по неколку десетина донации во возила и опрема за противпожарните служби.
Овој пат британскиот тим волонтери, предводен од проектниот раководител Стив Џордан, дојде во Пехчево да обезбедат обука за членовите на ДПД Пехчево за ефикасно справување со пожари и други катастрофи.

Сертифицирани инструктори од Велика Британија, три дена ќе ги обучуваат Нашите ХЕРОИ од Доброволното противпожарно друштво од Пехчево.

Се работи за волонтери од сите нивоа на противпожарната и спасувачка служба на Обединетото Кралство и други организации за итна поддршка. Сите тие имаат богато искуство и експертиза.


Leave a Reply