Најава: Акција за дарување на крв на 3 јули во Делчево

Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Делчево, организира крводарителска акција која ќе се одржи на 3 јули 2025 година, во просториите на Црвен крст Делчево.

Акцијата ќе се спроведува во периодотќ од 09:30 до 15:00 часот, со цел да се поттикне хуманоста и солидарноста кај граѓаните преку дарување на крв – највредниот дар што може да спаси живот.

„Вашата крв спасува живот“, порачуваат организаторите, потсетувајќи дека крвта е незаменлив лек кој е неопходен секојдневно за спасување на многу животи.

Граѓаните се повикуваат да го проверат своето здравје и доколку можат, да даруваат мал дел од својата крв и на тој начин да станат дел од мисијата за спасување животи.

„Придружете ни се! Да даруваме крв денес, затоа што утре можеби и нам ќе ни треба.“

Акцијата е отворена за сите хумани граѓани кои ги исполнуваат условите за дарување крв.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*