,,Наши деца” ќе ја претставуваат државата на Математичките Олимпијади во Светот и на Балкнот

Двајца ученици кои по мајка потекнуваат од Делчево ќе учествуваат на математичките олимпијади во Светот и на Балканот. Се работи за Леонид Цуклев и Владимир Грчев – Македонски Олимпијци по информатика и математика кои годинава ќе бидат учесници на Меѓународни олимпијади.

Леонид Цуклев ќе учествува на три Меѓународни олимпијади по информатика и математика во Азербеџан, во Боливија и Италија и ќе ги бранат боите на Македонија.

Леонид Цуклев од Гевгелија е ученик на III година, ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Скопје, а како ученик во основното училиште „Климент Охридски“ во Миравци редовно победуваше на математичките натпревари на државно ниво.

Леонид беше Победник и освојувач на златен медал на Македонската олимпијада по информатика, која се одржа на 16 и 17 април 2025 година на Факултетот за информатика и компјутерско инженерство при УКИМ, во Скопје.

Сега својот математички талент Леонид ќе го докажува во конкуренција на математичари ученици од земјите во светот.

Леонид е победник и освојувач на златен медал на Македонската олимпијада по информатика, (16 и 17.04.2025) Скопје
Сојузот на математичари на Македонија и е дел од тимот за учество на Осмата Меѓународна Економска Олимпијада, во Баку, Азербејџан, во периодот од 20 – 29.07.2025 година.

Исто така Леонид е најавено дека ќе учествува на Меѓународната олимпијада по информатика (IOI), која оваа година ќе се одржи од 26 јули до 3 август, во градот Сукре, Боливија, како една од 15-те Меѓународни научни олимпијади.
Покрај тоа, Цуклев ќе учествува и на Балканската олимпијада по информатика (BOI), што ќе се одржи од 25 септември до 1 октомври 2025 година, во Удинезе, Италија.

Основно училиште завршил во ООУ “Климент Охридски” – Миравци, каде секоја година освојува по некоја државна награда, и тоа по предметите: Природни науки, Биологија, Математика, Географија, Физика .

Бил прогласен за најдобар ученик во општина Гевгелија.

Средно образование се запишува во ДСУ Математичко – информатичка гимназија, Скопје, каде моментално е III (трета) година

Леонид ќе ја претставува Македонија на овие престижни натпревари и секако ќе се труди да постигне максимални поени!

🇲🇰 Владимир Грчев, ученик од ООУ „Братство“, ќе биде дел од првиот и официјален тим што ќе ја претставува Македонија на Јуниорската балканска математичка олимпијада (JBMO)! 📐🧠

Но ова е само дел од неговиот неверојатен успех – пред само еден месец, Владимир се пласираше и во националните тимови за меѓународните информатички натпревари.

Со тоа, ова лето ООУ „Братство“ влегува во историјата бидејки првпат наш ученик ќе ја претставува државата на повеќе меѓународни олимпијади од областа на науката, се вели во објавата на училиштето

Честитки и нека им е со среќа на олимпијадите!

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*