Легенда за Москвичот на Јован Спасевски од Делчево

На делчевските улици сè уште може да се сретне еден вистински автомобилски херој од минатото – „Москвичот“ на Јован Спасевски, човекот кој го чува споменот на едно друго време… и тоа на тркала!

Овој автомобил, произведен во далечна Москва од познатиот производител АЗЛК (Автомобилен Завод Ленин Комсомол), не само што е сè уште регистриран, туку и секојдневно се вози, предизвикувајќи насмевки, носталгија и неверување кај помладите генерации.

При последната регистрација на Автовозач Фер, Јован на шега, а можеби и малку вистински, ја објасни кратенката АЗЛК со своја верзија:

„Од Москва до Берлин – троши два тона бензин!“

Секако, претерување со стил, но и симболичен опис на времето кога економичноста не беше на прво место, туку трајноста, едноставноста и духот на една ера.

Јован Спасевски не е само возач на еден стар „Москвич“ – тој е чувар на традицијата, љубител на автомобилите со душа и доказ дека ако се сака, сè уште може да се слушне брумот на соц-моторите на улиците на Делчево.

Москвичот можеби не е брз, но сигурно е најупорен!

И како што вели Јован: „Не е важно колку троши, важно е што уште вози!“

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*