Делчевци дел од Еразмус+ размена посветена на соработката и одржливи практики во природа

Делчево, 1 јули 2025 (Делчево365) – Пет млади учесници од Центарот за одржливи практики – Natural Perspective од Делчево беа дел од младинска размена преку програмата Еразмус+, што се одржа од 9 до 19 јуни во Франција, во еко-заедницата Grain&Sens.

Фокусот на оваа десетдневна размена беше концептот на соработка, со практични обуки за ненасилна комуникација, градење доверба и создавање здрави, свесни и одржливи работни средини.

Учесниците беа опкружени со природна убавина и имаа можност преку групна работа, дискусии и неформално учење да ги развиваат своите капацитети, но и да изградат нови пријателства и партнерства засновани на меѓусебна почит и заедништво.

Организаторите посочуваат дека оваа размена не е само изолиран настан, туку „семе“ што ќе продолжи да расте низ нови иницијативи и локални активности во заедниците од кои доаѓаат младите.

Програмата беше поддржана од Европската Унија преку Еразмус+, во соработка со организации од повеќе европски земји.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*