Со свечена приредба исполнета со емоции, песни и уметнички точки, основното училиште „Св. Климент Охридски“ од Делчево ја заокружи учебната 2024/2025 година.
На настанот беа доделени награди и признанија за учениците кои покажале континуиран одличен успех во текот на нивното образование. Најголемото признание – првенец на генерацијата, оваа година ѝ припадна на Тамара Тошевска, која со својата посветеност и постигнувања остави силен впечаток кај наставниот кадар и соучениците.

Приредбата беше збогатена со богата културно-уметничка програма подготвена од учениците и нивните наставници – со рецитали, драмски изведби и музички настапи кои ги воодушевија присутните родители, наставници и гости.
Настанот претставуваше симболично збогување со една генерација и мотивација за идните ученици да продолжат по патеката на знаење, труд и успех.

Leave a Reply