Реализирана втората работилница во организација на ЈЛБ„Илинден“-Делчево, „Летни лудории“. Овој пат на работилницата учествуваа 19 дечиња.Ова беше уште една креативна работилница на која децата цртаа со мрсни боички во паркот.
Оваа работилница им овозможи на децата да ја изразат својата имагинација на воздух, во зеленило, да се дружат и да создаваат убави цртежи (графити).

Работилницата беше и поттик за љубов кон уметноста , во секој нејзин облик.
Убавите бои и шаренилото што децата го направија, остнуваат во паркот, и нека следните денови сведочат на тоа дека во паркот кај бунарот, имаше многу позитивна енергија, насмевки, радост. Покрај нацртаното, се создадоа и убави летни спомени.
Сите дечиња кои беа дел од втората летна работилница „Летни лудории“ од библиотеката добија и благодарнички.
Се гледаме,твориме, натпреваруваме и забавуваме и понатаму!

Leave a Reply