Фолклорната група при НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево беше дел од 15. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал во Булачани, Гази Баба.
Со кореографијата „Пијанец“, делчевските фолклористи го донесоа богатото културно наследство на Источна Македонија пред публика и гости од пет земји: Словачка, Турција, Полска, Република Српска – БиХ и Македонија.
Настапот предизвика голем интерес кај публиката, а учеството претставува значаен чекор во афирмацијата на нашата култура надвор од Делчево.



Leave a Reply