Во село Разловци, општина Делчево се одржа едукативна работилница со локални жени во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“. Настанот имаше за цел да го поттикне учеството на жените во донесувањето одлуки на локално ниво и да ги зајакне нивните капацитети за активно граѓанско учество.
На работилницата беа опфатени повеќе теми поврзани со надлежностите на општината, распределбата на буџетот за 2025 година, како и начините на кои граѓанките можат да поднесат иницијативи и да бараат промени во својата заедница.
Според резултатите од спроведено истражување, иако голем дел од жените во селото се соочуваат со недоволна информираност, тие изразиле јасна подготвеност и интерес да се вклучат поактивно во процесите на локално управување.
Организаторите информираа дека ова е прв чекор кон создавање на платформа за заедничко формулирање на предлози и барања до општината, кои ќе бидат презентирани на наредната средба.
Проектот е поддржан од Akcija Zdruzenska, The Kvinna till Kvinna Foundation, Делегацијата на Европската унија во Северна Македонија и Амбасадата на Шведска во Скопје.

Leave a Reply