📜 Со благослов на Епископот на Делчевско-каменичката епархија, Неговото Преосвештенство г. Марко, продолжува доизградбата и уредувањето на повеќе цркви во регионот. Меѓу нив е и новоизградената црква во село Град, посветена на „Св. Архангел Михаил“.
💒 Храмот е успешно изграден, а наскоро се очекува и негово осветување. Оваа капеланска црква ќе служи како свето место за молитва, духовна утеха и заеднички собири на верниците.
Во моментов се изведуваат завршните работи во внатрешноста на храмот, вклучувајќи:
- изработка на иконостас,
- поставување на светиот престол,
- подготовка на икони, осветени предмети и потребна црковна опрема.
👉 По тој повод, иницијаторите од Црковниот одбор на с. Град и Здружението „Иселеници Село Град“ упатуваат апел до верниците, иселениците и сите добри луѓе: да се вклучат со донација – финансиска, материјална или на друг начин – и да помогнат во довршување на ова свето дело.
📍 Контакт за донации и информации:

- Ѓорѓи: 071 229 308
- Атанас: 078 336 390
- Благојчо: 070 213 794
📧 Е-пошта: iseleniciselograd@gmail.com
💳 Жиро-сметка: 300210000092709 (Комерцијална банка – Делчево)
🙏 Нека Св. Архангел Михаил ги чува сите добротворители, и нека на сите ви дарува здравје, мир и Божји благослов.
Со благодарност,
✝ Црковен одбор – село Град
🇲🇰 Здружение „Иселеници Село Град“


Leave a Reply