Настанот се одржа додека на планината Готен беснееше повеќедневен пожар што опожари голема површина и претставуваше сериозна закана за блиските населени места — што дополнително ја нагласи потребата за мобилизација, солидарност и итна акција.
👥 Клучни пораки и учесници
Дина Муцунска, претставник на Еко-зелено движење – Берово, го отвори настанот со порака:
„Шумите се наш најголем сојузник во борбата со климатските промени. Ако не делуваме сега – утре ќе биде доцна.“
Од ТППЕ Берово беа пренесени сведоштва од терен: борбата со огнот, ризиците, заморот, но и пожртвуваноста на пожарникарите.

Војо Соколовски, од Националното здружение на приватни шуми, подвлече:
„Шумите не се само дрвја – тие се извор на живот, вода и воздух.“
Доброволното противпожарно друштво од Пехчево го сподели својот пример како инспирација за реактивирање на слично друштво во Берово:
„Секој обучен и опремен човек е додатна сила на страната на шумата и животот.“
Бојана Станојевска Пецуровска, од Центарот за климатски промени, упати повик за итни законски и системски мерки, меѓу кои:
Забрана за сеча и стопанисување со дрва на опожарени подрачја
Забрана за трансформација на опожарено земјиште
Строги казни за подметнувачите на пожари
„Само вака ќе ставиме крај на пожарите подметнати од алчност.“
🌱 Симболи и ангажман
Засадено е дрво на плоштадот – симбол на новата свест и обврска кон природата
Граѓаните се потпишаа на декларацијата „Јас не палам“
Децата од градинката „23 Август“ со цртежи и пораки порачаа: „Шумата е живот. Чувајте ја.“
Секое дете доби симболичен подарок – мало дрвце, со пораката: „Посади љубов, расти одговорност“
🤝 Организатори и поддржувачи:
Еко-зелено движење – Берово
Центар за климатски промени
Со поддршка од:
Општина Берово
ТППЕ Берово
ДЗС – Подрачно одделение Берово
ЈП Национални шуми / Шумска полиција
Национално здружение на приватни шуми
ДПД Пехчево
Детска градинка „23 Август“ – Берово
Настанот е дел од проектот „Регионално партнерство за подобро спроведување на Зелена агенда за Западен Балкан на локално ниво“, финансиран од Цивика Мобилитас со поддршка од Владата на Швајцарија.

Leave a Reply