Во делчевското село Габрово се одржа традиционалната хуманитарна забава.
Оваа година, како што информираше иселеникот и организатор на настанот Зора Димитровска средствата собрани на настанот ќе бидат наменети за уредување на дворното место околу храмот.
-Сакаме да изградиме простор каде верниците и посетителите ќе можат да се засолнат кога ќе заврне дожд. Црквата е целосно изградена, но останува уште тој дел за конечно заокружување на замислата. Голема благодарност до сите иселеници од Америка, Австралија, Италија, Швајцарија, Германија и други земји, како и до сите помагатели кои низ годините придонесоа ова да се реализира, изјави Димитровска.

На хуманитарната вечер настапи фолк ѕвездата Спасен Силјаноски како и локални изведувачи.
-Покрај Спасен Силјаноски, настапија и „Модерато Бенд“, како и популарните тапанџии од Делчево. Посебна емоција предизвика изведбата на песната „Мое Делчево“ од Лоренцо Трајановски, додаде Димитровска.
Како дел од активностите за поддршка на доизградбата, претходно иселениците од Швајцарија организираа и турнир во петанки, а средствата од тој настан исто така ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Хуманитарната традиционална забваа во с.Габрово секоја година се одржува кон крајот на јули и почетокот на месец август. в
Во делчевското село Габрово се одржа традиционалната хуманитарна забава, која секоја година се организира со цел доградба и доуредување на дворното место во црквата „Св. Димитриј“.
Оваа година, како што информираше иселеникот и организатор на настанот Зора Димитровска средствата собрани на настанот ќе бидат наменети за уредување на дворното место околу храмот.
-Сакаме да изградиме простор каде верниците и посетителите ќе можат да се засолнат кога ќе заврне дожд. Црквата е целосно изградена, но останува уште тој дел за конечно заокружување на замислата. Голема благодарност до сите иселеници од Америка, Австралија, Италија, Швајцарија, Германија и други земји, како и до сите помагатели кои низ годините придонесоа ова да се реализира, изјави Димитровска.
На хуманитарната вечер настапи фолк ѕвездата Спасен Силјаноски како и локални изведувачи.
-Покрај Спасен Силјаноски, настапија и „Модерато Бенд“, како и популарните тапанџии од Делчево. Посебна емоција предизвика изведбата на песната „Мое Делчево“ од Лоренцо Трајановски, додаде Димитровска.
Како дел од активностите за поддршка на доизградбата, претходно иселениците од Швајцарија организираа и турнир во петанки, а средствата од тој настан исто така ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Хуманитарната традиционална забваа во с.Габрово секоја година се одржува кон крајот на јули и почетокот на месец август.

Leave a Reply