Работилница „Старите времиња во нови раце“ во ЈЛБ „Илинден“ – Делчево

Во насока на негување на културното наследство и поттикнување љубопитност кај најмладите, Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево организираше едукативна и креативна работилница на тема: „Старите времиња во нови раце“.

На оваа несекојдневна работилница, 30 дечиња имаа можност да се запознаат со предмети кои биле составен дел од секојдневниот живот во минатото – како што се: фурка, вретено, ѓум, чекрт, цедилка, аван, фута, решето, котле и многу други традиционални алатки и предмети, кои денешните генерации ретко ги среќаваат.

Преку практично запознавање, раскажување приказни и интерактивни активности, децата научија како живееле, работеле и се забавувале нивните баби и дедовци – во време без технологија, но полно со рачна умешност, традиција и заедништво.

👉 Целта на работилницата беше да се приближи традиционалниот начин на живот до најмладите, да се поттикне почит и љубопитност кон обичаите, занаетите и секојдневието на предците.

Од библиотеката изразија искрена благодарност до сите учесници и нивните родители за беспрекорната, весела и креативна соработка.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*