Завршена изградбата на новата детска градинка во населба Расадник – Делчево

Во Делчево е завршена изградбата на современата детска градинка во населба Расадник, која ќе згрижува 130 деца од две до пет години, како и две јаслени групи. Со нејзиното отворање ќе се укине листата на чекање за прием во градинка.

Објектот, иако организациски ќе биде дел од ЈУДГ „Весели Цветови“, ќе функционира независно. По завршениот технички прием, градинката ќе започне со работа и прием на нови групи.

Инвестицијата, во вредност од околу 60 милиони денари со ДДВ, е финансирана од Министерството за труд и социјална политика и Општина Делчево, а изведувач е фирмата „Атриум“ ДООЕЛ Вевчани.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*