Локалната самоуправа и улогата на жените во фокус на работилница во Тработивиште

Во селото Тработивиште, Општина Делчево, вчера се одржа работилница на тема „Клучни компетенции и одговорности на локалната самоуправа“, во рамки на проектот „Жените го преземаат водството во локалните заедници“.

На настанот жените од локалната заедница дискутираа за улогата на општините, процесот на носење одлуки, како и за можностите за поголемо учество во креирањето на локалните политики.

Работилницата беше реализирана со цел да се поттикне активно граѓанско учество и поголема застапеност на жените во локалното одлучување.

Настанот е дел од активностите што се спроведуваат со поддршка на Akcija Zdruzenska, The Kvinna till Kvinna Foundation, Амбасадата на Шведска во Скопје и Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*