ВИДЕО: Работилница за најмладите: „Безбедно во сообраќајот со велосипед и тротинет“ во Делчево

ЈЛБ „Илинден“ – Делчево во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, денеска во градскиот парк организираа едукативна работилница за деца на тема „Безбедно во сообраќајот со велосипед и тротинет“.

На настанот учествуваа вкупно 34 деца, кои пристигнаа со свои велосипеди и тротинети, опремени со задолжителна заштитна опрема. Преку практични вежби и совети, тие имаа можност да научат како безбедно и одговорно да се движат во сообраќајот.

На работилницата децата се запознаа со:

  • основни сообраќајни правила за велосипедисти и возачи на тротинети,
  • правилната употреба на заштитната опрема,
  • начини за безбедно движење низ градските улици,
  • најчестите грешки и совети како тие да се избегнат.

Организаторите истакнаа дека вакви активности се повеќе од потребни, бидејќи речиси секое дете во секојдневието користи велосипед или тротинет. Целта е најмладите преку практично учење да ги стекнат неопходните знаења за безбедно и совесно учество во сообраќајот, со почит кон сите останати учесници.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*