Двајца кандидати за градоначалник и шест листи за советници на локалните избори во Делчево

Делчево се подготвува за претстојните локални избори, а до последниот рок за пријавување кандидати е потврдено дека за градоначалничката позиција ќе се борат двајца кандидати. Иако имаше најава дека за прв пат Делчево ќе има и жена кандидат за градоначалник, сепак тоа не се случи.

Според податоците кои ги доби Делчево365, за градоначалник на Делчево ќе се натпреваруваат Иван Гоцевски од ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Глинџарски од СДСМ.

Покрај кандидатите за градоначалник, граѓаните ќе имаат можност да гласаат и за советници во локалното собрание.

До крајниот рок за пријавување, за членови на Советот на Општина Делчево освен ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, листи поднеле и партиите Левица, МААК, ЗНАМ и Единствена Македонија.

Со ова, граѓаните на Делчево ќе имаат избор меѓу вкупно шест кандидатски листи за советници, што ветува динамична и конкурентна кампања во наредниот период.

Локалните избори ќе бидат клучни за идниот развој на општината, а гласачите се повикуваат активно да учествуваат во демократскиот процес и да го искористат своето право на глас.

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ

2025

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*