Од 17 до 21 септември, младите пингпонгари Изабела Ковачовска и Кристијан Каламадевски од клубот ППК „Зегин“ – Берово, под капата на Пингпонгарската федерација на Македонија, ќе учествуваат на престижниот меѓународен турнир „WTT Youth Contender Batumi 2025“ во Грузија.
Овој настап претставува голема чест и можност за младите таленти од Берово да ги одмерат своите сили со врсници од светот и воедно да ја претставуваат Македонија на меѓународна сцена.
Настанот е дел од серијата турнири на Светската пингпонгарска федерација (WTT), кои имаат за цел развој и афирмација на млади спортисти.
На Изабела и Кристијан им посакуваме многу успех и да го претстават своето место и својата земја во најдобро светло.

Leave a Reply