Делчевска Брегалница денес го одигра натпреварот од третото коло во Третата фудбалска лига Исток. На гостувањето во Св.Николе кај екипата на Овче Поле сино белите беа поразени со 4:0. Во официјалната објава на клубот се извинија на публиката за лошиот резултат, но секогаш има нешто од што може да извлечеме поука.
Сите кои ги следеа збиднувањата од минатата сезона се сеќаваат дека по првите три кола, екипата од Делчево имаше ист биланс како и оваа сезона, една победа и два порази. Многумина тогаш помислија дека ќе биде тешка сезона, но следеше подигнување на формата во нагорна линија, за на крајот Брегалница да заврши на високото второ место.
Минатата година, откако ја совладавме Тиверија, потоа загубивме од Хоризонт на гости и од Слога Виница дома.
Годинава повторно со идентичен биланс – победа над Светлост дома, претходно пораз од Ударник и денес од Овче Поле.
Знаеме дека ова не е почетокот кој го посакувавме, но спортот нè учи дека сè уште ништо не е загубено – напротив, вистинската борба штотуку започнува.
На останатите денешни натпревари, постигнати се следните резултати:
ФК Карбинци – ФК Рудар 1:1
Хоризонт Турново – Малеш 9:1
Дојранско Езеро – Тиверија 0:2
Светлост Зрновци – Победа Валандово 1:3.

Веќе в недела имаме можност да го поправиме впечатокот, кога на Градскиот стадион во Делчево ќе гостува ФК Рудар Пробиштип.
Очекуваме максимална поддршка од трибините!
Во продолжение распоредот за целата сезона:


Leave a Reply