Извршен успешен технички прием на новата Детска градинка во Делчево

Објава на градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски:

Почитувани граѓани -со голема радост Ве информираме дека завршена е изградбата на објектот на новата детска градинка во Делчево, а вчера е успешно извршен и техничкиот прием на објектот, односно увид на техничката исправност и квалитетот на изведените работи на објектот. Присутни беа претставници на Изведувач, Надзор, Министерство за труд и Општина Делчево.

Овој современ простор е изграден според највисоки стандарди и ќе обезбеди безбедна и топла средина за развој и едукација на нашите најмали сограѓани.м

Во тек е партерно уредување на дворот и наскоро вратите на новата градинка ќе бидат отворени за дечињата и нивните родители, се вели во објавата на градоначалникот Горан Трајковски.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*