Во организација на ЈОУ Библиотека „Искра“ – Кочани и литературниот клуб „Копнеж“ кој функционира во рамките на библиотеката, денеска во Кочани се одржа јубилејното издание на Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“.
На фестивалот учествуваа ученици од повеќе градови во Македонија, кои преку своите творби ја афирмираа детската поезија и креативното изразување.
Општинската установа Матична библиотека „Кочо Рацин“ Пехчево се претстави со учениците-читатели на библиотеката Михаил Цековски, кој имаше забележителен поетски настап, и Бојана Јовевска, која во категоријата „пофалени песни“ освои награда.
Нивни ментор беше професорката Габриела Костадинова, која доби благодарница за ментор, а воедно признание за поддршка и афирмација на младите таленти доби и самата библиотека.
Детскиот поетски фестивал „Мајски цвет“ годинава одбележува значаен јубилеј – 50 години од неговото основање, со што ја потврдува својата улога во негувањето на поетскиот дух кај младите генерации.

Leave a Reply