ЈЛБ “Илинден“ и учениците од ООУ „Ванчо Прке“ го одбележаа 11 Октомври – Денот на народното востание

ЈЛБ„Илинден“-Делчево и второоделенците од ООУ„Ванчо Прке“, заедно го одбележаа 11 Октомври,денот на народното востание на македонскиот народ.

Во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, второоделенците од ООУ „Ванчо Прке“ и библиотеката Илинден организираа заедничка активност со која ја одбележаа оваа значајна историска дата.

Децата изработуваа и боеја македонски знамиња, а преку разговори со наставниците се запознаа со значењето на овој ден, со борбата и храброста на нашите предци кои се избориле за слобода. На тој начин, најмладите граѓани ја негуваат љубовта кон татковината и ја учат важноста на зачувувањето на историското паметење.

Учениците од „ЈЛБ Илинден“ и ООУ „Ванчо Прке“ заеднички го одбележаа 11 Октомври – Денот на народното востание Во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, учениците од ЈЛБ „Илинден“ – Делчево и второоделенците од ООУ „Ванчо Прке“ организираа заедничка активност со која ја одбележаа оваа значајна историска дата. Децата изработуваа и боеја македонски знамиња, а преку разговори со наставниците се запознаа со значењето на овој ден, со борбата и храброста на нашите предци кои се избориле за слобода. На тој начин, најмладите граѓани ја негуваат љубовта кон татковината и ја учат важноста на зачувувањето на историското паметење. Сите знаменца што ги изработија учениците беа закачени во градскиот парк во Делчево, каде што гордо се веат во чест на 11 Октомври – денот кога започна организираната борба против фашизмот. – „Со овој чин сакаме да им оддадеме почит на нашите предци и да ги научиме децата на значењето на слободата и самобитноста на македонскиот народ,“ истакнаа организаторите, упатувајќи благодарност до наставничките Даниела, Цветанка и Јадранка за помошта при реализацијата на настанот. 11 Октомври претставува клучен датум во македонската историја – денот кога Македонија не станала квислиншка територија, туку жариште на отпорот против окупаторот, давајќи значаен придонес во конечната победа над фашизмот во Втората светска војна.

Сите знаменца што ги изработија учениците беа закачени во градскиот парк во Делчево, каде што гордо се веат во чест на 11 Октомври – денот кога започна организираната борба против фашизмот.

– „Со овој чин сакаме да им оддадеме почит на нашите предци и да ги научиме децата на значењето на слободата и самобитноста на македонскиот народ,“ истакнаа организаторите, упатувајќи благодарност до наставничките Даниела, Цветанка и Јадранка за помошта при реализацијата на настанот.

11 Октомври претставува клучен датум во македонската историја – денот кога Македонија не станала квислиншка територија, туку жариште на отпорот против окупаторот, давајќи значаен придонес во конечната победа над фашизмот во Втората светска војна.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*