По повод Светскиот ден на храната, во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица се одржа Базар на храна, на кој учениците, заедно со своите родители и наставници, подготвија и изложија здрава и вкусна храна.
Настанот го посети и градоначалникот на Општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски, кој изрази големо задоволство од креативноста и трудот на учениците.

„Со овој настан на убав начин се промовира важноста на здравите навики и правилната исхрана. Општина Македонска Каменица ќе продолжи да вложува во образованието и да ги поддржува ваквите активности на училиштата, со кои се поттикнува креативниот дух и позитивните вредности кај нашите ученици. Горд сум на нашите вредни, насмеани и талентирани дечиња, кои со искреност и ведрина ја исполнуваат и разубавуваат секоја наша средба,“ изјави Атанасовски.
Базарот привлече голем интерес и претставуваше можност учениците да научат повеќе за значењето на здравата исхрана, како и да ја покажат својата креативност и тимски дух.

Leave a Reply