Стојменовски: Судот ме ослободи од одговорност, ќе поднесам тужби против поединци од МВР и одредени портали

Делчево, 16 октомври 2025 (Делчево365) – Кандидатот за советник во Општина Делчево, Николчо Стоименовски, соопшти дека по повеќегодишна судска постапка е ослободен од одговорност во случајот за наводен поткуп, кој, според него, бил монтиран со цел да се нанесе политичка штета.

Во објава на социјалните мрежи, Стоименовски наведе дека по четири години судски процеси, 26 рочишта и повторно судење со позитивен исход, судот донел ослободителна пресуда во негова корист.

„Како што вели народната поговорка: ‘Правдата е бавна, но стигнува.’ Конечно се докажа дека случајот за кој тврдевме дека е исцениран, нема основа. После толку години сум ослободен од одговорност“, напиша Стоименовски.

Тој најави дека во наредниот период ќе поднесе лични тужби против, како што наведе, неколку лица од Министерството за внатрешни работи, за кои смета дека постапувале непрофесионално, како и против одредени медиуми што, според него, објавувале невистини и му го нарушиле угледот.

„Политичката култура мора да се издигне на повисоко ниво. Оние што се занимаваат со евтини игри за нанесување штета немаат место во модерно општество“, додаде тој, упатувајќи порака и до политичките противници од претходните избори.

Стоименовски истакна дека овој случај, како што рече, е „срам за институциите од тој период“, и побара од лицата кои, според него, придонеле за процесот против него, да се извинат во рок од десет дена, во спротивно ќе се соочат со тужби.

Николчо Стоименовски на локалните избори пред четири години беше кандидат за градоначалник на Општина Делчево.

Бидејки кривичната пријава му беше поднесена на само неколку минути пред тогашниот изборен молк на Николчо Стојменовски тогаш му беше оневозможено да го каже својот став, па затоа изјава даде по завршувањето на Локалните избори:

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*