Општина Делчево ја заврши реконструкцијата и рехабилитацијата на локалниот пат кој води до село Нов Истевник, поточно до маалото Пасјак. Станува збор за патен правец кој со години беше во исклучително лоша и речиси непроодна состојба, со оштетен коловоз и бројни дупки кои го отежнуваа секојдневното движење на жителите.

Со проектот целосно е извршена санација на коловозната конструкција, поставен е тампон-слој и нов асфалт, со што патот доби современ изглед и значително подобрени услови за сообраќај. Новата патна инфраструктура ќе овозможи побезбедно и полесно движење на жителите, како и подобар пристап до нивните домови, ниви и земјоделски имоти.
Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски, изјави дека реконструкцијата на овој пат претставува уште една реализација од годишната програма на Општината за подобрување на локалната патна инфраструктура.

„Со ваквите инвестиции, Општина Делчево ја потврдува својата определба за рамномерен развој на сите населени места – без разлика дали станува збор за урбани или рурални средини. Со подобрувањето на патната мрежа создаваме предуслови за посилен локален развој, побрз транспорт на земјоделските производи и подобра поврзаност со останатите делови на општината,“ рече Трајковски.
Со овој проект, Општина Делчево уште еднаш покажува дека вложува во квалитетни и долготрајни решенија во интерес на граѓаните и унапредување на животниот стандард во сите населени места.


Leave a Reply