Делчево, 20 октомври 2025 – Новоизбраниот советник во Советот на Општина Делчево од редовите на движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Бобан Никовски, упати благодарност до граѓаните за поддршката на локалните избори и најави посветена работа за подобрување на животот во општината.
„Да се биде советник е голема чест, но и голема одговорност. Ќе дадам сè од себе да ја оправдам довербата и да придонесам за подобра иднина на нашата општина. Заедно, чекор по чекор и со континуирана посветеност кон секој граѓанин, да го направиме Делчево место во кое секој ќе биде горд што живее“, изјави Никовски.
Тој упати и честитки до новоизбраниот градоначалник Иван Гоцевски и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече, „големата изборна победа“.
„Среќна и успешна работа на сите избрани. Нашата општина е нашата иднина“, додаде Никовски.

Браво и честитки господин Бобан Никовски баш ми е мило што барем еден влезе во групата на советници на општина Делчево за која и јас гласав секогаш ќе бидете подржувани од мене бидејќи едноумието никаде не води затоа гласав за 9 и 2 и верувам дека ќе оправдате нашата доверба!? Поздрав и со божји благослов АМИН поздрав ДРУГАРЧЕ!