Литературен конкурс „Силата на една жена“ во Делчево

По повод последната недела од Розовиот октомври, месецот на борбата против ракот на дојка, Јавната локална библиотека „Илинден“ – Делчево, во соработка со Ученичката заедница при СОУ „Методи Митевски – Брицо“, распишува поетски конкурс на тема „Силата на една жена“.

Жената, како симбол на љубов, храброст и сила, е во центарот на овој конкурс кој има за цел да ја прослави женственоста и непокорниот дух на секоја жена.

Право на учество имаат сите ученици од СОУ „Методи Митевски – Брицо“ – Делчево. Поетските творби треба да бидат оригинални и потпишани под шифра.

Конкурсот ќе трае од 23 октомври (четврток) до 2 ноември (недела) 2025 година.

Организаторите порачуваат дека преку овој настан сакаат да ја истакнат храброста на жените и да испратат порака дека секоја жена не е сама во борбата против болеста.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*