Засадени 6.000 нови садници во регионот на Делчево – Халк Банка и ЈП Национални шуми со уште една заедничка еколошка акција

Засадени 6.000 нови садници во регионот на Делчево – Халк Банка и ЈП Национални шуми со уште една заедничка еколошка акција

На 25 ноември 2025 година, вработените од Халкбанк АД Скопје, заедно со тимот од подружницата Голак – Делчево, организираа голема еколошка акција за пошумување во регионот. Во соработка и со директна поддршка од ЈП Национални шуми и локалната подружница Голак, беа засадени 6.000 садници багрем, обезбедени од расадникот на подружницата, а донирани од Халк Банка.

На настанот присуствуваа и претставници од највисокото раководство:

  • Извршниот директор на Халк Банка – Мухамед Хаџипази,
  • Директорката на сектор Депозити – Маја Гоговска,
  • Директорот на ЈП Национални шуми – проф. д-р Здравко Трајанов,
  • Помошник директорот на сектор – д-р Дејан Манџуковски.

Акцијата е дел од долгогодишниот договор помеѓу Халк Банка и ЈП Национални шуми, кој предвидува во период од пет години да бидат засадени еден милион садници низ државата.

Со денешното пошумување се дава значителен придонес кон подобрување на животната средина, зголемување на зелените површини и намалување на ризиците од ерозија и поплави – проблеми кои се особено изразени во руралните и планинските региони.

Организаторите ја истакнаа важноста на ваквите активности, потенцирајќи дека секое ново дрво претставува инвестиција во подобра иднина, почист воздух и одржлив развој.

„Заедно кон одржлив развој и унапредување на животната средина“ – е пораката што ја испратија учесниците, најавувајќи и нови заеднички еколошки акции во периодот што следи.

🌲🌳🌿🌱🌳🌲

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*