
Во фабриката „Алпин Ком“ – Делчево денес беше успешно изведена голема симулациска противпожарна и евакуациска вежба, со цел проверка на подготвеноста на вработените и ефикасноста на службите за итни интервенции.
Сите вработени беа навреме и безбедно евакуирани, следејќи ги пропишаните процедури за движење и собирање на безбеден пункт. Лицата со симулирани повреди и знаци на загушување беа успешно забележани, спасени и евакуирани – дел од нив од страна на колегите, а дел со интервенција на екипите од ТППЕ Делчево кои постапија професионално и навремено.

Паралелно со евакуацијата беше изведена и симултанa операција за гасење на пожар, при што пожарникарските екипи со две возила интервенираа од источната и западната страна на фабриката.
Дополнително, Црвениот Крст спроведе демонстрација на реанимација (CPR) и прва помош, а Итната медицинска помош ги обработи симулираните повреди. Полицијата го обезбеди пристапот и движењето на службите, а претставници од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Центарот за управување со кризи (ЦУК) ја следеа целата вежба и дадоа свои забелешки и препораки.

Алпин Ком изразува голема благодарност до сите учесници и институции кои дадоа поддршка и активно учество во вежбата:
ТППЕ Делчево, Полиција Делчево, ЈЗУ „Гоце Делчев“, Итна медицинска помош, Црвен Крст Делчево, ДЗС Делчево, ЦУК Делчево, како и до сите вработени во фабриката за нивната дисциплина и посветеност.
„Веруваме дека ваквите вежби се клучни за јакнење на културата за безбедност и заштита на работниците. Нашиот план е соработката со институциите да продолжи и во идниот период – и искрено се надеваме дека ќе се гледаме само на вакви симулирани и безбедни тренинг-вежби, а никогаш поради вистински инциденти“, стои во соопштението од раководството на фабриката кое претходно информираше навремено за одржувањето на акцијата


Leave a Reply