
На престижниот натпревар „Франко Марлето“ за најдобар пиемонтски мед, одржан на 30 ноември, беа наградени двајца пчелари поврзани со општината Костиглиоле.
Медот од ова подрачје повторно го докажа својот висок квалитет, а меѓу добитниците се најде и Кристијан Дончовски, Македонец кој повеќе од 20 години живее и работи во Италија и денес е населен во Боглието.

Произведува различни видови мед, а неговата посветена работа, примената на современи пчеларски практики и високите стандарди беа препознаени од стручната комисија.
Честитки за признанијата и за придонесот во промоцијата на квалитетниот пиемонтски мед.



Leave a Reply