Потпишан Меморандум за соработка помеѓу „Гласен Текстилец“ и Општина Делчево

Делчево, — Организацијата „Гласен Текстилец“ и Општина Делчево денеска потпишаа Меморандум за соработка во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово-инклузивни и одговорни општини“, кој е поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Civica Mobilitas.

Меморандумот го потпишаа претставници на организацијата и градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски, со што започнува спроведувањето на низа активности насочени кон унапредување на родовата еднаквост, инклузијата и зајакнување на жените и девојките во локалната заедница.

Соработката предвидува организација на локален Форум на заедницата, активно учество на општинската администрација во проектните активности, учество на регионална конференција, како и поддршка при создавање јадро на женски активистки и лидерки од различни сектори, меѓу кои и претставнички од политички партии и локалната самоуправа.

Во рамките на проектот, вработени од општината ќе бидат вклучени во работилници за родово одговорно буџетирање, а жените и девојките од Делчево ќе учествуваат во креирањето на локални програми и проекти.

Дополнително, Општината ќе поддржи активности за мобилизација на жените во заедницата и ќе се залага за реализација на родово-буџетски иницијативи предложени од проектниот тим.

Проектот е дел од програмата Civica Mobilitas, која ја спроведуваат МЦМС, НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска, со цел да се зајакне граѓанскиот сектор и да се поттикнат општествени промени засновани на активна партиципација и транспарентно владеење.

Од програмата напоменуваат дека изнесените ставови не ги одразуваат нужно позициите на Владата на Швајцарија или организациите што ја спроведуваат.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*